Управата на аеродромот во Каиро денеска ги зајакна безбедносните мерки откако полицијата откри две бомби, соопшти претставник на обезбедувањето на аеродромот, пренесе МИА.
Бомбите се откриени на различни терминали со помош на електронски направи.
Засега нема извршени апсења, а претставници на службите за безбедност на аерoдромот ги прегледуваат снимките од безбедносните камери.
Рачно изработена експлозивна направа беше активирана денеска во централниот дел на Каиро, во близина на плоштад. Нема информации за повредени во инцидентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Драма во центарот на Белград: За влакно избегнат хорор, пронајдени бомби во торба која се распаѓала
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!
-
Ниту Канскиот фестивал не е поштеден од терористи: Луѓето евакуирани поради сомнителен предмет
-
Латас: Можно е СДСМ и ДУИ да се договорат