| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ и Атланта загубија по 19 победи во низа (видео)

entoni dejvis

Најдобриот тим во НБА-лигата, во кој настапува првиот македонски играч што игра во оваа лига, Атланта, првпат загуби по 19 победи по ред на гостувањето кај Њу Орлеанс со 115-100. Ова беше прв пораз на лидерот во лигата по 26 декември и само трет во последните 36 натпревари.
Со овој пораз нема да се смени изгледот на табелета во источната конфереција бидејќи Атланта е убедливо прва со скор од 40 победи и девет порази, дури седум порази повеќе има второпласираната екипа на Торонто.
Атланта влезе во историјата на НБА-лигата бидејќи оствари 17 победи без пораз во јануари.
На „јастребите“ им фалеше уште една победа за да го достигнат четвртото место на вечната листа со најголеми серии на победи на тимови од онаа на Милвоки во 1977 година.
Тоа не го дозволија домашните играчи на Њу Орлеанс, кој водеше во текот на целиот натпревар и во ниту еден момент не беше загрозена нивната победа која на крајот излезе и убедлива.
Перо Антиќ одигра само шест минути и немаше реализација, а оствари само една блокада.
Најефикасни кај победничкиот тим беа Ентони Дејвис и Ерик Гордон, кои вкупно постигнаа 50 поени.
Кај Атланта се истакна Џеф Тиг со 21 кош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top