| четврток, 6 декември 2018 |

„Баби“ од Аргентина тврдат: Папата не помогаше во „валканата војна“

Познатата организација на баби „Плаза да Мајо“ која е основана во 1977 година со желба да помогне да се најдат одземените деца во текот на воената ера, изјавија дека Хозе Марио Бергољо, новоизбраниот поглавар на Римо-католичката црква не се залагал доволно да им помогне на жртвите чии права биле загорзени

Аргентинската група за човекови права која се занимава со пронаоѓање на украдени бебиња за време на државната „валкана војна“ тврди дека новоизбраниот Папа никогаш јавно не застанал во борба против државните војни власти.

Познатата организација на баби „Плаза да Мајо“ која е основана во 1977 година со желба да помогне да се најдат одземените деца во текот на воената ера, изјавија дека Хозе Марио Бергољо, новоизбраниот поглавар на Римо-католичката црква не се залагал доволно да им помогне на жртвите чии права биле загорзени.  Во аргентинската „валкана војна“ вкупно 30 илјади луѓе починаа или исчезнаа во период о д 1976 до 1983 година.

babi

Ватикан во петокот го отфрли тврдењата дека папата Франсис не успеал да направи се за да  заштити двајца свештеници кои се киднапирани и мачени за време на воената диктатура во време во кое тој бил претседател на Исусовите ред во Аргентина.

– „Бабите“ му забележуват на папата дека никогаш јавно не говорел за проблемот  на луѓето кои едноставно исчезнувале за време на диктатурата, а оттогаш поминаа 30 години – изјави Естела Карлото, претседателка на „Бабите  Плаза де Мајо“.

Ќерката на Карлото е грабната и убиена за време на диктатурата во Аргентина. Бебето кое го родила во заробеништво никогаш не е пронајдено. Карлото изјави дека очекувала аргентинското свештенство да направи повеќе за правата на оние кои биле злоставувани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top