Македонскиот фолклор не престанува да го воодушевува Јапонците. Студентите од универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, од Факултетот за музичка уметност, заедно со учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, од Насоката за традиционална музика и игра, повеќе од еден месец одржуваат концерти низ Јапонија, а публиката со огомен аплауз, подароци и со овации ги испаќа од сцените каде што настапуваат.
Концерите се оддржуваат во градовите со најрепрезентативни концертни сали, на сцените каде настапуваат јапонската филхармонија и сите најголеми уметници од Јапонија.
Првите концерти беа во неколку сали во Токио, а потоа следеа градовите Канагава, Нагано, Нагоја, Гифу, Кобе, Осака, Фукуока, Кумамото, Јамагучи, Хамаматсу, Сагамихара, Чиба, Маебаши, Фукушима, а на крајот турнејата завршува со низа концерти во Токио, каде публиката ќе може да ја види уште еднаш македонската традиционална култура и младите уметници.
За време на турнејата се оддржуваат и семинари за возрасни на кои вљубениците на македонската традиција можат да научат ора, песни и да свират на некои од македонските инструменти.
За време на семинарите и концертите публиката има прилика Македонија да ја запознае и преку видео презентации на кои се прикажани етнолошки филмови. Посебно публиката е воодушевена од старата архитектура, која може да се види преку старите фотографии. На семинарите студентите имаа можност да се запознаат и со јапонската традиционална музичка култура. Од страна на домаќините беше организиран курс за изучување на јапонски традиционални инструменти и традиционални игри.
Враќањето на студентите во Македонија е на 21 март, а дотогаш треба да одржат уште шест концерти во Токио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.