| четврток, 6 декември 2018 |

Македонско вино се продава во Вашингтон

Четири видови македонско вино се продаваат во продавницата „Мекартур“ на семејството Басин во Вашингтон, која е една од најстарите од ваков тип во  градот. Тука се купува вино од 1957-ма, а меѓу муштериите, низ годините -претседатели, боксерски шампиони и други познати лица.

vina

Како што пренесува „Гласот на Америка“ на македонски јазик, во продавницата „Мекартур“ се продаваат 5.000 видови на вино од 30-тина држави. Четириесет и четиригодишниот Џон Фитер, снабдувач и консултант за вина, во бизнисот е повеќе 20 години.  Македонското вино го открил лани, на дегустација во македонската амбасада во Вашингтон.

– Грозјето е различно.  Во вината се користи домашно македонско грозје од тоа поднебје и затоа вкусот е покомплексен од другите сорти. Вранецот е најбаран, поради неговата комплексност и длабочина на вкусот. Засега продавницата нуди само четири вина од Македонија, затоа што толкав број и се достапни – вели Фитер.

Покрај „Вранецот“, додава, муштериите може да купат и „Жилавка“, „Кратошија“ и „Ркацители“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top