Денес околу 13.30 часот дипломатско возило удрило пешак на булеварот „Партизански одреди“ во близина на мостот „Влајко“ пренесува „Нова Македонија“.
Според очевидците, станува збор за возило џип „киа спортаж“ со дипломатски регистарски таблички.
На местото на настанот веднаш излегле екипи на МВР и на Брзата помош. Повредениот е однесен во една од скопските болници. Надлежните подетални информации најавуваат за подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


