Театарот „Керемпух“ од Загреб денеска и утре ќе гостува во Драмски театар -Скопје. На сцената на Драмски театар вечерва (02 февруари) ќе биде изведена претставата „Јазовец во Керемпух“, авторски проект на хрватскиот режисер Оливер Фрљиќ.
Се работи за хит-претстава на театарот „Керемпух“, актерски и тематски споени четири стендап настапи. Во претставата „Јазовец во Керемпух“ играат: Хрвоје Кечкеш, Вилим Матула, Борко Периќ и Ракан Рушаидат.
На 3 февруари, пак, првпат во Македонија ќе биде изведена претставата на македонскиот режисер Александар Поповски „Да живее Хармс! Чудата постојат“.
– Претстава која прашањата на апсурдот, пародијата и на хуморот воопшто не ги третира еднодимензионално, вкалапено и предвидливо. Возбудлив театар кој се впушта во ризик, во своевидна авантура, театар кој произведува неочекувани резултати – соопшти Драмски театар.
Во претставата „Да живее Хармс! Чудата постојат“ играат: Линда Бегоња, Иван Ѓуричиќ, Тарик Филиповиќ, Хрвоје Кечкеш, Лука Петрушиќ, Маја Посавец, Ракан Рушаидат, Бранка Трлин и Миа Аночиќ Валентиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија на театарскиот фестивал „Долгопрудненска есен 2019“, Русија
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Гостивар ќе добие театар: Владата донесе одлука за основање НУ „Гостиварски театар“
-
Во Загреб отворена голема ретроспектива на македонскиот игран филм


