Раководството на францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“ донесе одлука привремено да го прекине издавањето нови броеви, со цел да создаде услови за успешна распродажба на седуммилионскиот тираж на првото издание, објавено по терористичкиот напад врз редакцијата на почетокот од минатиот месец и убиството на медиумски работници во весникот.
Во соопштението објавено денеска на интернет-страницата на „Шарли ебдо“, раководството и колективот на списанието им заблагодаруваат на читателите за нивната „огромна поддршка и сочувство“.
Според последните информации, тиражот на „изданието на преживеаните во терористичкиот напад“ надминува седум милиони. Ова е единствен случај во современата историја на француските медиуми.
До нападот на „Шарли ебдо“, тиражот на неделникот не надминувал 60 илјади броја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


