| четврток, 6 декември 2018 |

Спектакл на Кети Пери на Супербоул (видео)

Katy Perry

Кети Пери, една од моментно најголемите музички ѕвезди во САД, ја круниса својата досегашна кариера со настапот на полувремето на годинешниот Супербоул, кој се одржува во првата февруарска вечер во Аризона, САД.

Пери за својот настап одбра еден од нејзините најголеми хитови „Roar“ и настапот го отвори со гласно врескање од џинивскиот златен лав, пишува списанието „Ролинг стонс“, опкружена со многубројни танчари кои му дадоа посебен печат на изведувањето на овој сингл од последниот албум на Пери.

ketit peri1

Потоа на ред дојде уште еден хит, „Dark Horse“, кој беше изведен со тродимензионална шаховска анимација, за на крај да ја испее песната која ѝ донесе светска слава „I kissed a girl“.

keti peri2

Прв гостин на вечерта беше Лени Кравиц, кој ја крена атмосферата до вжештување со својот настап. Друштво на Пери ѝ правеше и Миси Елиот.

Крајот на спектакуларниот настап е завршен како што и доликува, со песната „Firework“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top