По фантастичната партија во Минск и деветте постигнати голови, Наумче Мојсовски се проби на третата позиција на листата на стрелците во Лигата на шампионите, со 64 постигнати гола. Неговата позиција можат да ја загрозат Франтишек Шулц (Пик Сегед) и Егерт Јенсен (Фленсбург), кои допрва ќе го играат својот прв осминафинален натпревар.
Во првата десетка најдобри стрелци во Лигата на шампионите е и нашиот Ренато Вугринец, кој е на делба на деветтото место, со 54 постигнати гола.
01. Ханс Линдберг (Хамбург) 69
02. Гаспер Маргуц (Цеље П.Л.) 65
03. Наумче Мојсовски (Металург) 64
04. Франтишек Шулц (Пик Сегед) 62
05. Јенсен Егерт (Фленсбург) 59
06. Тимур Дибиров (Чеховски Медведи) 57
07. Сергеј Горбок (Чеховски Медведи) 56
08. Холгер Гландорф (Фленсбург) 55
09. Ренато Вугринец (Металург) 54
10. Јуре Доленец (Горење) 54
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.