| четврток, 6 декември 2018 |

Петка за Ѓоковиќ во Мелбурн

Новсак Ѓоковиќ ја освои петтата титула на стартниот грансчлем во сезоната, на популарниот Австралија опен во Мелбурн. Во финалето со 7-6, 6-7, 6-3, 6-0 го надигра Енди Мареј и тоа по четврти пат на терените во Мелбурн за вкупно осма гранслем титула.

Мечот траеше речиси 4 часа, а особено возбудливи беа првите два сета што се одлучуваа во тај-брејк. По еден добија двајцата тенисери и од тој момент се беше во знакот на српскиот ас. Од 3-3 во третиот сет, Новак ги доби сите преостанати 9 игри и со импресивна серија од 9-0 го доби мечот.

nole

Мари нема трофеј на Австралија опен, а и во претходните две финалиња беше поразен од денешнито ривал, во 2011 и 2013 година. Двајцата добри пријатели г одиграа 24-от меѓусебен меч што е рекорд во модерната ера на тенисот, а Ѓоковиќ води со 16-8.

Кај дамите вчера Серена Вилијамс ја победи Марија Шарапова со 2-0 во сетови и ја крена 19-та гранслем титула, со што е втората најтрофејна тенисерка на сите времиња со 19 круни, зад Штефи Граф која има 22.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top