Пред катната гаража кај Судска палата, Тодоровиќ истакна дека во текот на вчерашниот ден во оваа гаража биле паркирани 456 возила, што е јасен доказ за потребата од катни гаражи на територија на општината.
-Општина Центар во наредниот период треба да ја доврши започнатата катна гаража кај Нова Македонија. Во програмата стојат уште монтажни паркинзи во Капиштец и во централното градско подрачје, рече Тодоровиќ.
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески истакна дека министерството во соработка со општината во ДУП-от исцрта над 20 локации за катни гаражи.
-По пат на јавно наддавање во овој период успеавме да продадеме 10 локации за катни гаражи. Од нив, 2 се веќе изградени и ставени во функција, за 3 објекти има издадено одобрение за градење, а за 5 локации за катни гаражи треба најкасно до крајот на годинава, рече Јанакиески.
Со ваквите заложби и проекти бројката на паркинг места во Центар ќе надмине 5000. Тука не влегуваат монтажните паркинг места и местата за паркирање на слободни површини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.