| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкулоска: Во четири наврати еден од осомничените јасно упатил закани до премиерот

Gordana-Jankulovska-03

Во четири наврати еден од сомничените имал дирекен контакт со претседателот на Владата, каде јасно упатил закана дека ќе обелодени информации до кои дошол и сè со цел да го принуди за формирање на техничка влада, што е надвор од сите уставни процедури и претставува нарушување на уставниот поредок на Македонија.

Ова денеска за вестите на Канал 5 го изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Во сите прилики, како што подвлече Јанкулоска, тој се повикувал на информации од странски служби.

– Она што успеавме да го видиме од документите кои се запленети при претресот кај првоосомничениот, евидентно е дека поседувал документи со содржина на недозволиво прибирање информации, како што се лични податоци за лица од јавниот и општествениот живот. Од она што го имаме како доказ, евидентно е дека првоосомничениот и четвртосомничениот биле во контакт и оствариле средби. Нивната комуникација била во насока да се упати закана кон претседателот на Владата за да се постигне однапред дефинираната цел: на незаконски начин, надвор од уставните и законските процедури, со нарушување на демократските принципи, да се формира техничка влада, истакна Јанкулоска.

Таа додаде дека сите аспекти МВР дополнително ќе ги истражува со насоки од Јавното обвинителство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top