| четврток, 6 декември 2018 |

Романо Проди: Македонија треба да е следна членка на ЕУ

prodi

Поранешниот премиер на Италија и претседател на Европската комисија Романо Проди изјави дека проширувањето на Унијата, и покрај заморот и кризата во ЕУ, треба да продолжи, но само со државите од Балканот. Проди, кој зборуваше во фондацијата Карнеги во Вашингтон, оцени дека Македонија требала да биде трета членка на ЕУ од поранешна Југославија, но економската криза е главна причина за застојот, пренесува МИА

– Македонија направи фантастичен напредок и мислев дека ќе биде една од првите земји за влез, но поради кризата и заморот од проширување во ЕУ овој процес беше запрен по Словенија и Хрватска. Трет вагон во возот за проширување беше Македонија, но ова беше прекинато од европската криза. Процесот на проширување мора да продолжи бидејќи прогресот на земјата е поврзан со тоа, изјави Проди во фондацијата Карнеги.

Според Проди, ЕУ би требала и покрај кризата, да ги отвори преговорите со Македонија, и воопшто да ги продолжи интеграциите. Проди смета дека ЕУ треба да потпише договори за стабилизација и асоцијација со Украина, Ерменија и Грузија, но со цел овие држави да влезат во партнерски односи со ЕУ, а не целосно членство во Унијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top