| четврток, 6 декември 2018 |

Бил Гејтс: Понекогаш се чувстувам глупаво

bil gejts

Бил Гејтс сигурно не е неинтелигентен. Но, понекогаш се сомнева во тоа.

– Понекогаш се чувстувам глупаво што не знам ниту еден странски јазик. Учев латински и грчки во средно училиште, добивав највисоки оценки и претпоставувам дека тоа ми го збоггати речникот, но би сакал да знам француски, арапски или кинески. Се надевам дека еднаш ќе почнам да ги учам, веројатно француски, бидејчи тој е најлесен за учење  – изјави Гејтс одговарајќи на прашања на социјалната мрежа „Редит“.

Гејтс признава дека основачот на „Фејсбук“ го победува на тоа поле.

– Марк Цукерберг научи мандарински и одговараше на прашања на кинеските студенти на нивниот јазик – тоа е неверојатно – изјави Гејтс.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top