Наумче Мојсовски, Ванчо Димовски и браќата Марковски, Велко и Никола не се повеќе дел од македонскиот ракометен првак Металург. Денеска тие добиле исписници и се слободни да потпишат за друг клуб.
Ова е дел од решението на големата криза што го зафати Металург, барем според раководството на клубот, а тимот од Автокоманда им должи пари на играчите, меѓу нив и на четворката што си заминува.
Металург го чека меч против Нексе, утре во рамките на СЕХА лигата, а потоа ќе треба да продолжат со настапи и во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



