| четврток, 6 декември 2018 |

Катар повеќе не е никакво изненадување, во борбата за финалето ја победи Полска со 31-29

Репрезентацијата на Катар е првиот финалист на светското првенство во ракомет што се одржува токму во оваа земја, откако во првото полуфинале ја совлада Полска со 31-29.
Изненадувањето според многумина интернационалниот состав на Катар кој буквално ги купи многубројните странски играчи заедно со шпанскиот тренер Валеро сосема заслужено според играта и според мотивацијата што ја имаа катарските играчи се пласираше во финалето.
Ова е најголемиот успех кој катарската држава го имала на некое светско првенство, а воедно и првата азиска репрезентација која успеала да се пласира во едно ракометно финале.
Полјаците имаат за што да жалат бидејќи имаа шанса да играат во големото финале и според досегашната игра на мундијалот, но и според играта во воведните 15 минути од мечот кога го котролираа резултатот.
По тајмаутот на селекторот на Катар играта сосема се смени, играчите заиграа цврста одбрана на чело со најдобриот играч голманот Даниел Шариќ.

Qatar 2015 M81 POL vs QAT

Од овој момент домаќините имаа безброј решенија во нападот и лесно ја пробиваа статичната и спора одбрана на полјаците.
Разликата на полувремето од три гола (16-13) беше пресудна за конечниот исход на овој натпревар. Во вториот дел се играше гол за гол, во еден момент катарците дојдоа и до плус пет гол, но брзо се вратија полајците и на крајот имаа и шанса да дојдат до егал натпревар, но тоа не се случи бидејќи Риверо умешно ги преводеше своите играчи.

Qatar 2015 M81 POL vs QAT

Во финалето Катар ќе се сретне со еден од европските гиганти и можеби двете најдобри екипи на светот во моментов Шпанија и Франција. Вториот полуфинален натпревар започнува во 19 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top