Во Грција пред пет години почна пеколната криза во еврозоната. Така, се вклопува дека во Грција сега треба да се случи расплетот, благодарение на големата победа на изборите на 25 јануари за екстремно левичарска популистичка партија СИРИЗА, предводена од Алексис Ципрас. Со барањето за големо намалување на долгот на Грција и ветувања за зголемување на јавното трошење, Ципрас „го фрли“ најголемиот предизвик досега за единствената валута во Европа, а со тоа и на Ангела Меркел, канцеларка на Германија, која ги воведе мериките на штедење на стариот континент, анализира Економист.
Влоговите се високи. Иако сите, вклучувајќи го и Ципрас, инсистираа на тоа дека сакаат Грција да остане во еврозоната, сега постои јасна закана од „Гризлез“ – излез на Грција од еврозоната. Во 2011-2012 година, Меркел се поколеба, но потоа одлучи да ги поддржи Грците да останат со единствената валута. Таа не сакаше Германија да биде виновна за нова европска катастрофа и заедно, северните кредитори и јужните должници, беа нервозни поради последиците од хаотичниот грчки излез за европските банки и нивните економии.
Ама сега, работите се поинакви. „Гризлез“ сега ќе изгледа повеќе како вина на Грците, европската економија е посилна и 80% од долгот на Грција е во рацете на другите влади или службените органи. Пред сѐ, политиката е различна. Финците и Холанѓаните, како и Германците, сакаат Грција да се држи до ветувањата што ги презеде кога тие на два пати ја спасуваа. И во јужна Европа централните власти се плашат дека успехот на грчки уцени ќе им помогнат на популистички партии од опозицијата, на пример на „Подемос“ во Шпанија.
Добар одговор за лошо прашање
Сето тоа може да се претвори во мешаница. Но, постојат три можни исходи: добар, катастрофален, и компромис кој би ја „стркалал конзервата низ удолнината“. Историјата на еврото отсекогаш била да се одложи болката, но сега битката е политичка, а не економска, па компромисот е тешка опција.
Посакувано, но неостварливо, постои добро решене и за Грција и за Европа. Ципрас се зафати со две работи кои се исправни и една која е сосема погрешна. Тој е во право дека мерките на штедење во Европа се претерани. Политикате на Меркел ја задави економијата на континентот и воведе дефлација. Подоцнежното лансирање на квантитативно олеснување (QE) од страна на Европската централна банка го потврдува тоа. Ципрас, исто така, е во право дека долгот на Грција, кој се зголеми од 109% до огромни 175% од БДП изминатите шест години и покрај зголемувањето на даноците и намалување на трошоците, е неисплатлив. На Грција треба да ѝ се простат долговите онака како на банкротираните африкански земји. Но, Ципрас не е во право кога вели дека ќе се откаже од реформи дома. Неговите планови за повторно вработување на 12.000 вработени во јавниот сектор, откажување од приватизацијата и порастот на минималната плата, ќе ја врати тешко стекнатата добивка на Грција во конкурентноста.
Оттука, еве го решението на овој весник: Ципрас да го отфрли неговиот луд социјализам и да се држи до структурните реформи во замена за прошка на долгот – или со натамошно притискање на доспевањето на грчкиот долг, или, уште подобро, со намалување на номинална вредност. Г-дин Ципрас да ги искажува своите левичарска нагони со ширењето атмосфера на заштитени олигополи во Грција и со борба против корупцијата. Комбинацијата на макроекономската олеснување со микроекономски структурни реформи може дури и да биде пример за другите земји, како Италија, па дури и Франција.
Тоа е многу логичен сон, сѐ додека не се разбудите и не се потсетите дека Ципрас веројатно е луд левичар, а Меркел едвај може да го прифати постоењето планови за квантитативно олеснување (QE). Оттука, ете го вториот, уништувачки излез: „Гризлез“. Оптимистите се во право кога велат дека сега тоа ќе биде помалку болно отколку во 2012 година, но сепак ќе боли.
Во Грција тоа ќе доведе до затворање на банките, огромни контроли на капиталот, губење на приходите, невработеност повисока од денешпните 25% и, најверојатно, излез на земјата од Европската унија. Пропратниот ефект на „Гризлез“ за остатокот од Европа, исто така, ќе биде тежок. Веднаш ќе предизвика двоумења околу тоа дали Португалија, Шпанија, па дури и Италија, треба или би можеле да останат во еврозоната. Новата заштита на еврото, Банкарската унија и Фондот за откуп, се, благо речено, недокажани.
Па веројатно одговорот е во привремено одбегнување, но тоа нема да трае долго. Ако Ципрас не добие олеснување на долгот, тој ќе го изгуби кредибилитет кај гласачите. Но, дури и ако добие само маргинално подобрување на позицијата на Грција, други земји се обврзани да одолеат. Секоја промена во условите за откуп, ќе треба да се гласаат во некои национални парламенти, меѓу кои и во Финска. Ако тие поминат, гласачите во Шпанија и Португалија ќе бараат да се стави крај на своите штедења. Уште полошо, популистите од десно и лево во Франција и Италија, кои не се само против мерките на штедење, туку и против членството во еврозоната, ќе зајакнат.
И, постојат технички проблеми со кое било одложување. ЕЦБ е категорична дека не може да обезбеди итна ликвидност на банките во Грција или да ги откупи нејзините обврзници, доколку владата на Ципрас нема договорена програма со доверителите, па секој ќор-сокак,најверојатно, ќе предизвика навала на грчките банки. Со одложување на доспевањата, нешто од ова може да се избегне, но тоа ќе е премалку за Ципрас и премногу за Меркел.
Поздрав до Берлин
Така, на крајот, Грција најверојатно ќе ја принуди Европа да направи некои тешки избори. Доколку постои среќа, ќе придонесе кон добриот резултат наведен погоре. Грчките гласачи живеат во лажен рај доколку мислат дека Ципрас може да им го испорача она што вели, но Германците исто така мора да погледнат на последиците од нивната тврдоглавост.
Пет години по почетокот на кризата со еврото, јужните земји од евро-зоната и понатаму се заглавени со речиси нулта раст и молњевито висока стапка на невработеност. Дефлацијата полека се вгнездува, па, оптоварувањето со долгот се зголемува, и покрај фискална дисциплина. Кога политиката се одликува со такви лоши резултати, револтот кај грчките гласачи беше и предвидлив, и разбирлив.
Ако Меркел и понатаму се противи на сите напори за отпочнување на раст и отфрлање на дефлација во еврозоната, таа ќе ја осуди Европа на загубена деценија. Тоа сигурно би предизвикало поголеми популистички реакции од оваа во Грција низ цела Европа. Тешко е да се види како единствената валута може да преживее во такви околности. И, најголемиот губитник – доколку не преживее еврото – ќе биде Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Уапсени седум мигранти за силување на тинејџерка во Германија
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!


