
Доколку бидат исполнети грчките барања за отпишување на долгот кон меѓународните кредиторит, секој граѓанин на Германија ќе загуби по околу 700 евра.
Ова е заклучокот од истражувањето на организацијата „Отворена Европа“ во кое се анализира кому и колку му должи грчката држава.
Со 56 милијарди евра или 27 отсто од вкупниот долг кон земјите-членки и Европската унија тежок 246 милијарди евра заем, Германија е прва на листата на индивидуални земји-кредитори. Втора е Франција со 42 милијарди заем, на трето место е Италија со 37 милијарди, следува Шпанија со 25 милијарди и итн.
Најголемиот заем за Грција кај институциите е даден од заедничкиот фонд за спас на Европската унија. Европската Централна банка и другите централни банки од Еврозоната дале 27 милјарди евра за спас а Меѓународниот монетарен фонд како трет член на т.н. „Tројка“ дал 28 милијарди евра заем за Грција.
Европската централна банка веќе изјави дека простувањето на грчкиот долг е нелегално и ја очекува ратата во висина од 6,7 милијарди евра што Грција треба да ја плати до август.
Меѓународниот монетарен фонд, исто така, не сака да разговара за олеснување на условите за Грција. Во минатото дури и земјите што банкротирале поради долгот кон ММФ како на пример Аргентина подоцна морале да го платат долгот целосно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Уапсени седум мигранти за силување на тинејџерка во Германија
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!


