
Контроверниот француски писател Мишеч Уелбек продолжува да ја шокира јавноста. Тој бил гостин на еден телевизиски канал (БФМТВ) каде што се полемизирало за состојбата во француското општество по нападот на сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“ на 7 јануари годинава.
Одговарајќи на изјавата на францускиот премиер Мануел Валс дека „Франција не е нетолеранција, омраза и страв“, авторот на романот „Потчинување“ кој предвидува исламска влада во Франција 2022 година изјави дека напротив, Франција е се тоа – нетоленација, омраза и страв.
– Во секој случај многу повеќе отколку во 2.000 година. Работите еволуирале во негативна смисла. Нападот на „Шарли Ебдо“ во кој беа убиени 12 луѓе е охромна победа за џихадистите. Јас не сум специјално загрозен, па затоа не се наоѓам во таа логика на ескалација. Но, ја разбирам нивната логика, исто би реагирал на нивно место – изјави Уелбек.
Според него, трајна мета сепак, ќе бидат Евреите.
– Има премногу кошер продавници, синагоги, еврејски школи, за да бидат под трајна заштита – изјави Уелбек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


