Ова било одлучено на последната Владина седница на која биле донесени неколку законски решенија кои ќе бидат вметнати во повеќе закони.
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев посочи дека психолозите и психијатрите ќе треба да дадат извештај за психичката состојба на службеникот и да одобрат дали може безбедно да ракува со оружје.
– МВР и Центрите за социјални работи во рок од 24 часа од започнувањето на официјална постапка за кривично дело или прекршок со елементи на насилство ќе бидат должни да ја известат институцијата во која лицето работи дека треба да му биде одземено службеното оружје – истакна Ѓорѓиев.
Институциите, пак, ќе бидат должни да побараат раздолжување на оружјето и муницијата од лицето осомничено за насилство и истиот ќе биде подложено на повторни психолошки и психијатриски прегледи.
– Претпоставениот на лицето кое се сомничи за насилство е должен вработениот да го прераспредели на друга должност во која ќе нема допир со оружје – посочи владиниот портпарол, додавајќи дека со ваквите измени се овозможува институциите навремено да реагираат со цел намалување на случаите на ваков вид на девијација во Р.Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ѓорѓиев: Скапаа доматите од годинешната реколта, а Заев и Димитров не успеаја да испорачаат реформи за преговори со ЕУ
-
Обвинителството во Истанбул нареди апсење на над 160 службеници во судови и затвори
-
Штипјанец нападна службеници на УЈП
-
Лаборатории ќе се комерцијализираат и стават во функција на бизнисот