| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен претседателот на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ

Dinamo

Контроверзниот претседател на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ денеска е уапсен и според членот 325 од Кривичниот закон му се заканува казна затвор до три години. Мамиќ е упасен затоа што на национална основа го навредувал министерот Жељко Јовановиќ, а обвинението е поттикнување  омраза и насилство на јавно место, како и говор на омраза.

-Тој мрази се што почнува со хрватско, било да е тоа Олимпискиот одбор, Фудбалскиот сојуз…кај него не гледате насмевка, само секачи од кои тече крв. Тој е навреда за хрватскиот мозок. Човек кој е србин и никогаш не работел во спортот или образованието, освен што малку кревал тегови е на чело на Министерството. Тој е хрватомрзец, изјавил Мамиќ утрово, а веќе во текот на денот како што известуваат хрватските медиуми е уапсен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top