| четврток, 6 декември 2018 |

Во полициска акција во Германија и Бугарија се уапсени 12 лица

уапсени

Германската полиција изврши акции против криминални групи во девет покраини, при што беа уапсени 11 лица, јави ДПА, повикувајќи се на органите на редот.

Во акцијата е уапсено и едно лице во Бугарија во соработка со Европол и бугарските власти.

Полицијата во Германија изврши претрес во 44 домови и канцеларии. Во операцијата учествувале над 500 припадници на безбедносните сили, а запленети се околу 55.000 евра, фалсификувани визи и пасоши, фалсификувани пари, оружје, муниција и наркотици.

Акцијата спроведена во германските покраини Шлезвиг-Холштајн, Хамбург, Долна Саксонија, Берлин, Саксонија, Тирингија, Баварија, Рајнска област-Пфалц и Северна Рајна-Вестфалија, е резултат на пет одделни истраги.

Во врска со операцијата извршени се акции и во Бугарија и Холандија со учество на Интерпол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top