| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарот Гоце Георгиевски ќе се жени

423493_244211365658394_24270603_n

Македонскиот ракометен репрезентативец Гоце Георгиевски ќе се жени ова лето. Тој и неговата избраничка Симона со која пред да се сврши бил во врска четири години, свадбата ја имаат закажано за 6 јуни, а на прославата ќе присуствуваат околу 300 гости, меѓу кои ќе бидат и сите ракометари, пишува „Вечер“.

– Ја побарав Симона за жена минатата година, но поради обврските со ракометот, решивме свадбата да ја правиме во јуни. Ресторанот е закажан, а полека почнавме и со подготовки. Ќе имаме многу гости, а нормално дека ќе бидат поканети и колегите од мојот клуб и репрезентацијата – откри Гоце кој вчера пристигна од Доха.

Симона има 23 години и не се занимава со јавна професија.

– Си работи сопствен бизнис и не сака да се експонира јавно. Заедно сме неколку години и уште кога се запознавме, знаев дека таа е жената со која сакам да го поминам остатокот од животот, вели ракометарот и додава дека најголема поддршка од трибините ја добива токму од саканата која го бодри на сите важни натпревари – вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top