| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен газда на две скопски градежни фирми (ВИДЕО)

apsenje

Управата за финансиска полиција уапси сопственик и управител на две градежни фирми од Скопје, осомничен за криминал тежок околу 400.000 евра.

Заедно со уапсениот скопјанецот Е.К., осомничени се уште две лица од Скопје, кои, исто така, се сопственици и управители на градежни фирми. Органите на прогонот нив ги обвинуваат за помагање во вршењето на кривичните дела. Тие се недостапни за органите на прогонот и по нив полицијата трага.

Според информацијата на Управата за финансиска полиција, приведениот свесно и со однапред утврдена намера, а со цел да се здобие со противправна имотна корист за себе и за двете грдежни фими што се во негова сопсвеност, прикажал  фалсификувани податоци во сметководствената евиденција. Тој евидентирал 47 фактури со невистинита содржина од снабдувачи-градежни фирми, кои се во сопственост и се управувани од второ и од третопријавениот. Тие фирми, пак, никогаш ниту извршиле услуги, ниту, пак, е извршено плаќање кон нив.

Второпријавениот М.С исто така сопственик на градежни фирми од Скопје, со цел да му помогне на првопријавениот Е.К да изврши поврат на ДДВ, изготвил 14 (четиринаесет) фактури во износ од 14.385.944,00 денари кои не ги еведентирал во сопственото сметководство со што прикажал невистинити податоци во поднесените ДДВ пријави и  завршните сметка,  ја намалил обврската и не пресметал и не платил данок на додадена вредност.

Пријавениот Е.К со цел да се стекне со поголема материјална користи, од банкарските сметки на двете негови фирми за наводни „материјални трошоци“ и за наводни обврски „по склучен договор“  подигнал парични средства во готово за кои средства не изготвил и не доставил документација во сметководствената евиденција за нивна економска оправданост во износ од вкупно 54.238.910,00 денари.

Пријавениот со цел да не плати данок, дури и извршените набавки на трговска стока од маркети во Скопје кои ги користел за сопственото домаќинство во износ од 1.808.477,00 денари, без никаков правен основ ги плаќал со пари од фирмите кои ги поседува.

Основано сомневање за сторено кривично дело даночно затајување е утврдено и при продажба на основните средства на една од фирмите бидејќи наплатените пари наместо да ги упати на сметката на фирмата пријавениот ги присвоил лично за себе.

Финансиската полиција до Основното јавно обвинтелство во Скопје против трите лица поднесе кривична пријава за сторени кривични дела Даночно затајување“ казниво по член 279 од КЗ на РМ, кривично дело „Фалсификување или уништување на деловни книги“ казниво по член 280 и кривично дело „Помагање“ казниво по член 24 од КЗ на РМ а имајќи ја во предвид причинетата штета за Буџетот на Република Македонија и опасноста за повторување на делото, судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1-Скопје на првопријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

По второ и трето пријавениот кои се уште се недостапни за органите на прогонот потрагата е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top