| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на ДВД и книга од Љубиша Георгиевски

Ljubisa Georgievski07

– По повод 55 години творештво и 77 години од раѓањето на Љубиша Георгиевски, доајенот на македонската филмска и театарска уметност, утре во Кинотеката на Македонија ќе бидат промовирани ДВД издание со дигитализираниот филмски опус и книгата „Театарски магии – Мнемопис“ со текстови на Георгиевски.

Комплетот од пет ДВД-ја ги содржи долгометражните филмови „Под исто небо“ (1964), „Планината на гневот“ (1968), „Репубиката во пламен“ (1969) и „Цената на градот“ (1970), краткометражните „Не“ (1966) и „Патека“ (1967) и документарниот филм „Nic Tramsit Gloria Mundi“/ Хераклеа“ (1974).

ДВД-јата со филмови на Георгиевски ќе ги промовира Илинденка Петрушева, филмолог и филмски критичар, додека за книгата на Георгиевски ќе говори проф. д-р Јелена Лужина, театролог и приредувач на ова книжевно издание за „Макавеј.“

Дигитализацијата на филмовите произлезе од проектот на Кинотеката на Македонија за дигитална реставрација на најдоброто од македонската национална филмска продукција. Во рамки на овој проект досега беа дигитализирани и издадени филмовите на Столе Попов и на Браќата Манаки, а во тек е дигитализацијата на филмските остварувања на Милчо Манчевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top