| четврток, 6 декември 2018 |

Љубиша Георгиевски: На силниот му прилега да е мудар, Владата да продолжи со проектите

 

08 (Custom)

Македонскиот режисер Љубиша Георгиевски смета дека на силниот му прилега да е мудар, а на Владата и порача да продолжи со проектите, обраќајќи се на членството на ВМРО ДПМНЕ кое има собир во СЦ „Борис Трајковски“.

– Вие сте срцето на Македонија – им порача Георгиевски на насобраните членови на ВМРО ДПМНЕ.

– На силниот му прилега да е мудар. Најосновно е, да не се подадете на културата на омразата која со сета сила ја шири тајфата на медиокритети. Прво направија пуч во својата парија и тогаш на чело дојдоа луѓе со многу просечни и професниолани квалиттети. Целта на нашите непријатели е да се замразиме. Стара вистина е ако сака непријателот на Макдонија ефикасно да ја уништи да најде Македонци – рече Георгеивски.

07 (Custom)

Тој имаше неколку пораки.

– Првата порака од овој собир е „нон пасаран“. Втора е дека на Македонија под итно ѝ треба опозија, но не таква која ќе служи за мајтап. Ќе ги прифаќаме нивните предлози. Трета порака да се вратат во парламентот. Во мода е да се бара политичка разрешница. Четвртата е да не се прави комунистичка контра револуција со која се негираат фер избори. И на крај, на Владата и препорачувам без пречки да си ги продолжи проектите што ги ветила и што ги изведува и инстутициите да си работат. Тоа се излезните решенија што ги советува здравиот разум – рече поранешниот амбасадор на Македнија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top