Во тек е голема акција на француската полиција против џихадистите на југот на Франција, во градот Лунел, кој се наоѓа на триесетина километри од Монпелје.
Според регионалниот весник „Миди Либр“, операцијата предводена од елитните полициски сили Раид и ГИПН, почнала околу 6 часот и 30 минути во самиот центар на Лунел.
Извори блиски на истрагата соопштија дека се упасени најмалку две лица осомничени за вмешаност во регрутирање џихадисти. Според телевизијата БФМТВ, на осомничените веднаш им е одреден притвор.
Од октомври 2014 година, шест жители на Лунел на возраст од 18 до 30 години загинаа во Сирија борејќи се на страната на џихадистите.
Според непотврдени информации, во Сирија се наоѓаат уште триесетина лица – мажи, жени и деца, по потекло од овој град
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.