Шефот на кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас го критикуваше Андонис Самарас што не дојде во седиштето на Владата за традиционалното предавање на премиерската функција.
„За жал, Самарас избра да не биде во Максимос кога пристигна премиерот Ципрас. Оваа традиција ја почитуваа претходните премиери, кои ја предаваа функцијата и очекувавме да се почитува и денеска“, се вели во синоќешната пишана изјава на Никос Папас.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, веднаш потоа дојде и остра реакција од опозициската Нова демократија.
– Условите на предавањето беа договорени во детали, како што многу добро знае Папас, за време на телефонски разговор меѓу шефовите на двата кабинета – изјави портпаролката на Нова демократија, Марија Спираки.
Таа го критикуваше Ципрас затоа што ја прекина традицијата со давање политичка заклетва на функцијата, место вообичаената заклетва пред архиепископот.
– Ако сакавме да зборуваме за тоа кој очигледно ја игнорира вековната традиција, ќе ги потсетиме луѓето дека господинот Ципрас е единствениот грчки премиер што даде заклетва на функцијата во отсуство на архиепископот и не даде религиозна заклетва – истакна Спираки.
Инаку, Ципрас пред да положи заклетва се сретна со архиепископот на Атина и цела Грција Јеронимос од кого побарал да му посака добри желби и го уверил дека односите меѓу државата и црквата ќе бидат унапредени и посуштински отколку досега, соопшти Сириза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Насилно спречени претставници на СИРИЗА да положат венци во Политехничкиот факултет во Атина
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Инциденти во Солун по повод настанот на СИРИЗА за договорот со Македонија
-
Како ве лажат: За комуњарските медиуми, бугарските зборови со кои ни се обраќа грчкиот пратеник, станаа македонски јазик (видео)