Томаш Бердих одигра извонреден меч и со 3-0 го елиминира фаворитот за титулата на Австралија опен, Рафаел Надал. Шпанците го имаат прекарот „црвена фурија“, но овојпат фуриозен беше Чехот и неочекувано лесно со 6-2, 6-0, 7-6 го надигра Надал во четвртфиналето.
Патем, Бердих не дозволи да се запише во историјата на тенисот во негативен контекст и ја прекина серијата од 17 пораззи во меѓусебните дуели со Надал. Досега ниту еден тенисер не загубил 18 пати по ред од ист противник.
Нешто подоцна играат Мареј и Кирјос, а утре силите ќе ги одмерат Ѓоковиќ и Раониќ, одоносно Вавринка и Нишикори.
Кај дамите Елена Макарова изненадувачки лесно со 6-0, 6-4 ја исфрли од игра Симона Халеп, а и Марија Шарапова рутински се справи со Еужени Бушар, победдувајќи со 6-3, 6-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.