Алиша Дувал е англиски модел, бизнис жена, телевизиска ѕвезда. Со пластичната хирургија почнала многу млада, а денес со 36 години, зад себе има повеќе од 350 операции. Со 24 година три пати ги зголемила градите и два пати го оперирала носот.
Сакајќи да изгледа како подвижна Барби кукла, Алиша трпела најбизарни оперативни зафати како што е скратување на прстите на нозете за стапалата во сандали да и изгледаат поубаво.
Заради оваа опсесија нејзината ќерка и поставила ултиматум: “Јас или пластиката” и потоа Алиша се обидела да ја поправи многу лошата ситуација во која се наоѓала. Ги алармирала водечките хирурзи да и помогнат да се врати во нормала. До тогаш на операции потрошила околу два милиони евра.
Последната, на која и ваделе импланти од образите чинела 33.500 евра.
За тоа да го постигнат, еве што хирурзите на операцијата која траела четири часа морале да направат; и ги исекле и повторно и ги сошиле ушите, и го искршиле и исекле носот за да и ја кренат устата, во десната коска од вилицата ставен и е шраф кој го надополнува оштетувањето на мускулите, целата вилица и ја кршеле два пат за да и ги затегнат мускулите и на крајот и ги извадиле импланите од јаболчниците.
Заради својата некогашна зависност, за која рекла дека е како наркоманија, се обидела и да се убије и тоа пред 2- годишната ќерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.