На годишното собрание на групацијата „101 Жанг Гуанг“ (101 Zhang Guang) во Пекинг, македонската клиника „101 Хеир“ (101 Hair) е прогласена за најуспешна меѓународна „101 клиника“ во конкуренција од преку 2000 клинички центри низ светот. Признанието на клиниката го додели д-р Жанг Гуанг Жао, основач и претседател на групацијата, кој е носител на највисоки државни почести и 9. најбогат човек во Народна Република Кина.
– Горд сум што нашата клиника ја прогласија за најуспешна меѓународна клиника на годишното собрание. Благодарение на квалитетниот бизнис-план, маркетинг-стратегија и организациска поставеност, нашите „101 Хеир“ клиники во Скопје и во Белград се далеку препознатливи по квалитетот на своите услуги. Поради тоа што интересот за нашите услуги ги надминува границите на овие две земји, оваа година ја отвораме и „101 Хеир“ клиниката во Хрватска и ќе го одржиме трендот на ширење не само во соседните, туку и во европските земји – вели професор д-р Ивица Смилковски, извршен претседател на „101“ клиниките во Скопје, Белград, Загреб, Љубљана и во Виена.
Тимот на „101 Хеир“ во Кина беше составен од професор д-р Смилковски, извршен претседател, како и д-р Елена Арсова, трихолог – медицински директор на „101 Хеир“ клиниките и д-р Душица Митровиќ, кои во присуство на кинескиот политички и бизнис – естаблишмент имаа директно обраќање и презентирање на петгодишната стратегија за развој на 101 клиниките и промовирање на кинеската традиционална медицина во Европа.
– Уникатниот концепт кој го воведовме во дијагностиката и во третманот на проблемите со коса, а е спој на западната современа технологија и кинеската традиционална медицина, овозможи висока ефикасност во лечењето на опаѓањето на косата. Нашиот професионален и научнобазиран пристап кој ни овозможи одлични резултати во третирањето на проблематиката со коса го препознаа и нашите пациенти. Наградата за најуспешна меѓународна клиника го потврди квалитетот на нашата работа и на нашиот медицински тим, и ќе продолжиме да работиме за да клиниката остане водечка клиника во трихологијата – додаде д-р Елена Арсова, трихолог и медицински директор на „101 Хеир“ клиниките.
Извршниот претседател на „101 Хеир“ клиниката, професор д-р Ивица Смилковски, изминатата година беше првиот Македонец кој е одликуван со медалот од страна на Кина за ширење на нивната култура и медицина низ Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




