| четврток, 6 декември 2018 |

МВР пронашло ново видео со малолетничка порнографија кај Верушевски – утврден идентитетот на девојчињата

МВР пронашло ново видео со порнографска содржина во која се вклучени малолетнички во компјутерот на екс-директорот на ДБК, објави Прес 24.

Според првичните информации, се вештачат и порнографските фотографии од десетгодишни девојчиња.
Првично, утврден е идентитетот на девојчињата и се знае дека не станува збор за малолетнички од Македонија, по што полицијата ќе го извести Интерпол за понатамошна истрага.

Според извори на истрагата, Верушевски ги избришал спорните видеа од својот компјутерски систем, но форензичарите на МВР успеале да ги вратат.

Сѐ уште се утврдува како Верушевски доаѓал до материјлите со детска порнографија.

За останатите дела сѐ уште трае истрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top