| четврток, 6 декември 2018 |

Овој викенд последната продукција на „Театар 007“, комедијата „Централ парк запад“ од Вуди Ален

Независната продукција „Театар 007“ и во новата 2015 година продолжува со редовниот репертоар, кој стана практика во изминатите 4 години на „Малата сцена“ на Универзална сала – Скопје. Оваа седмица, поточно на 30 и на 31 јануари 2015 година, со почеток од 21 часот, на „Малата сцена“ во Универзална сала – Скопје, ќе биде изведена последната продукција на „Театар 007“, комедијата „Централ парк запад“ од Вуди Ален, во режија на Игор Ивковиќ.

IMG_3657

– По успешната премиера на 10 декември и првите три репризи, интересот за комедијата „Централ парк запад“ од Вуди Ален сѐ уште е голем. Секако на наше задоволство и во интерес на публиката, за крајот на овој месец се закажани два нови термини за изведба на оваа претстава – вели Миодраг Костиќ, продуцент на „Театар 007“.

IMG_3726

„Централ парк запад“ не е обична комедија, туку таа е и отворена психолошка сеанса за публиката. Преку петте различни карактери на Филис, Керол, Хауард, Сем и Џулиет, оваа претстава со молскавична брзина го води гледачот низ мноштво најразлични ситуации кои кулминираат со неочекувани пресврти и изненадувања. Во неа играат: Ирена Илиевска, Ангела Наумоска, Марко Богдановски, Јеткин Сезаир, Елизабета Клинчаревска-Младеновска. Сценографијата и костимите се на Маре Трајковска.

IMG_3695

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top