| четврток, 6 декември 2018 |

Комедијата „Централ Парк – Запад“ на 3 и 10 ноември на репертоарот на „Театар 007“

Хит комедијата „Централ Парк – Запад“ од Вуди Ален, а во режија на Игор Ивковиќ и овој месец е активна на репертоарот на независната продукција „Театар 007“.

На 3 и 10 октомври, на „Малата сцена“ во Конгресен центар „Александар Македонски“ (Универзална сала-Скопје) ќе биде изведена претставата која цели две години активно ги освојува симпатиите на многубројната публика.

unnamed-17

-Едночинката „Централ парк-Запад“, е конкретена и реална психолошка дисекција на меѓучовечките односи во современото живеење. Неверството, лагите, сексот, љубовта, современата болест „депресијата“ и на театарската сцена се главните теми околу кои се создаваат сите „вообичаени“ човечки ситуации, во „невообичаен“ средина на луѓе за кои никој никогаш не би помислил дека имаат такви проблеми. „Централ парк-Запад“ не е обична комедија, туку таа е и отворена психолошка сеанса за публиката. Преку петте различни карактери на Филис, Керол, Хауард, Сем и Џулиет, оваа претстава со молскавична брзина го води гледачот низ мноштво најразлични ситуации кои кулминираат со неочекувани пресврти и изненадувања – вели Миодраг Костиќ, продуцент на „ТЕАТАР 007“.

unnamed-1

Во претставата играат: Ирена Илиевска, Ангела Наумоска, Марко Богданвски, Хари Мухајловски и Елизабета Клинчаревска-Младеновска.

Дизајнер на сценографија и коситими е Маре Трајковска.

Претставите се изведуваат со почеток од 21 часот. Билетите се ограничени и може да се набават на касата на Универзална сала или онлајн на www.theatre007.mk.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top