| четврток, 6 декември 2018 |

Венус Вилијамс во издание од најдобрите денови

Венус Вилијамс остана во игра за една од ретките титули што ѝ недостига во богатата колекција со трофеи, а денеска успеа да се пласира во четврт-финалето на Отвореното првенство на Австралија. Гранслем што го нема освоено, заедно со Ролан Гарос во Париз.

На 34-годишна возраст и со многу здравствени проблеми малкумина сметаа на сериозен чекор на Венус на ова издание на ОП на Австралија, но црномурната шампионка ќе игра во четврт-финалето во Мелбурн, за првпат по 2010 година. До таму стигна со победа против фаворизираната Агнешка Радванска во три сета.

venus vilijams

Следна противничка на 7-кратната граслем шампионка ќе ѝ биде сонародничлката од САД, Мелиса Кејс. Меѓу осумтте најдобри во Мелбурн се пласираше и сестрата на Венус, Серена Вилијамс, а противничка за полуфинале ќе ѝ биде Доминика Цибулкова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top