| четврток, 6 декември 2018 |

„За подобра Македонија“ вети изградба на систем за водоснабдување во Нерези

Носителот на советничката листа на коалицијата „За подобра Македонија“ за општина Карпош, Сашо Лазаровски, на жителите на Нерези им вети изградба на систем за водоснабдување и бесплатен оброк за старите и изнемоштени.

–       Во нашата програма имаме бројни проекти кои се однесуваат на населеното место Нерези, место каде што во изминатите години ниеден од двајцата градоначалници не инвестираше. Планирана е изградба на систем за водоснабудвање, кој ќе се спроведува заедно со Град Скопје. За овој проект ќе бидат одвоени 62 милиони денари, а рокот на реализација е 2017 година. Активно ќе работиме на реконструкција и осветлување на постојниот пат во Нерези до манастирот „Св. Пантелејмон“. Ќе спроведеме и проект, бесплатен оброк за старите и изнемоштени лица, преку отворање народна кујна во црквата во Нерези. Во народната кујна ќе се приготвува храната, а потоа ќе биде дистрибуирана до домовите на лицата. Рокот на реализација е 2014-2017 година – рече Лазаровски.

Меѓу другите проекти, ги спомна и организирање планинарски тури од Нерези до манастирот „Св. Пантелејмон“ во авугст на денот на свети Пантелејмон, изградба на трим-патека во вредност од 6 милиони денари до 2014 година, промоција на етноселото во близна на црквата „Св. Пантелејмон“, пошумување на делот од Водно со питом костен. За реализација на овој проект ќе бидат одвоени три милиони денари, а ќе се реализира во периодот 2015-2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top