Викторија Азаренка ќе мора да почека барем до следната година за трета титула на Австралија опен во Мелбурн по поразот од Доминка Цибулкова.
Ноќеска во четвртата рунда на гранслемот во Мелбурн, словачката тенисерка беше подобра и славеше со 6-2, 3-6, 6-3. Азаренка на двапати ја освои круната на Австралија опен, во 2012 и 2013 година и тоа и се единствените титули на гранслемовите.
Цибулкова лани стаса најдалеку до финалето, но беше поразена од Ли На во мечот за круната. Во четвртфиналето во ова издание таа ќе игра против Серена Вилијамс.
Кај мажите Нишикори лесно во три сета го порази Давид Ферер, а Вавринка со 3-1 по голема битка го елиминира Хилјермо Гарсија Лопес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.