| четврток, 6 декември 2018 |

Најпознатиот балкански џихадист „по третпат“ убиен во Сирија

muhadzeriНајпознатиот балкански џихадист, Лавдрим Мухaџери е убиен за време на борбите со курдските сили во Кобане, јави новинарката на британски „Сандеј тајмс“, Хала Џабер.

Абу Абдула Косово, како што гласи военото име на Мухaџери, е убиен во неделата за време на жестоките борби на курдските борци и единиците на Исламската држава во Кобане.

muhadzeri2

Курдските извори, претходно на двапати тврдеа дека Муџахери бил убиен, но тие информации се покажаа како невистините.

Мухaџери го сврти вниманието на јавноста откако јавно обезглави сириско момче и ја постави фотографијата на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top