Водата во Штип не е за пиење поради поплавување на бунарите. Забранета за пиење е и водата од водоводот во Пробиштип и околните села кои се снабдуваат од него поради заматеност.
Како што соопшти Центарот за управување со кризи, поради поплавување на бунарите без вода за пиење се селата Лакавица и Балталија, а во општина Карбинци селата Радање, Карбинци, Кучица и Козјак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.