| четврток, 6 декември 2018 |

Бред Пит ќе го игра Понтиј Пилат – човекот што го осудил Исус

Bred Pit

Холивудскиот актер Бред Пит наскоро, најверојатно, ќе се појави во прилично необична улога. Тој, наводно, покажал интерес во својот нов проект да го игра Понтиј Пилат, римскиот намесник на царот Тибериј, кој според Новиот завет го осудил Исус Христос на распнување, пренесува веб-сајтот „Дедлајн“.

Сценариото за проектот го напишала Вера Бласи, авторката на сценариото за филмот „Жена на врвот“ (Woman on Top), во кој глумеше Пенелопе Круз. Во сценариото има и други библиски ликови, како Марија Магдалена и Иван Крстител, за кои сѐ уште не е познато кои актери ќе ги играат.

Филмот ќе го продуцира Марк Џонсон, продуцентот на „Нотес“ и „Хрониките на Нарнија“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top