| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадистите го обезглавија едниот Јапонец, за другиот бараат размена

Припадници на Исламската држава му ја отсекоа главата на Харуна Јукава (42), еден од двајцата Јапонци кои ги држеа со денови како заложници, а за откуп бараа 200 милиони долари. За другиот бараат замена.

japon

На интернет се појави снимка на која се гледа како киднапираниот новинар Кенџи Гото (47), кој и понатаму е во заложништво, покажува кон телото на убиениот Јукава, пренесува Интел Груп- организација која ги следи онлајн активностите на терористите, а објави Раша тудеј.

Drugi Japanac

Во пораката, Гото наводно го обвинува премиерот на Јапонија за смртта на Јукава, поради неговата неспособност во преговорите со ИС. Заробениот Јапонец вели дека џихадистите сега бараат да се ослободи Сајида Ал-Ришави, која наводно се обидела да се разнесе во напад врз хотел во Јордан во 2005 година и сакаат да направат размена помеѓу него и жената бомбаш самоубиец.

Сајида Ал-Ришави моментално е во затвор во Јордан. За време на нападот во Аман во 2005 година нејзиниот самоубиствен појас не се активирал и таа преживеала, а подоцна била заробена.

Јапонската влада е шокирана од видеото, а оттаму велат дека убиството е „неприфатливо“ и „нечуено“ и бараат итно ослободување на Кенџи Гото, без никаква штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top