| четврток, 6 декември 2018 |

Ампутација, каменување, камшикување – листа на злочини и казни од ИД

Радикалната организација „Исламската држава“ оваа недела објави листа на кривични дела и казните за секое од нив. Ампутација, каменување, камшикување и слично ќе следуваат за прекршителите на нивниот шеријатски закон.

Богохулство против Алах: смрт

Богохулство против пророкот Мухамед: смрт – дури и ако обвинетиот се кае

Богохулство против исламот: смрт

Прељуба: каменување до смрт на прељубниците, ако тие се во брак или 100 удари со камшик и егзил за оние кои не се во брак

Содомија (хомосексуалност): смрт за сите кои учествувале во чинот

Кражба: ампутирање на раката

Пиење на алкохол: 80 удари со камшик

Озборување: 80 удари со камшик

Шпионирање: смрт

Откажување од верата: смрт

Разбојништво:
1. убиство и кражба: смрт и распнување
2. убиство: смрт
3. кражба за време на разбојништво: ампутација на десната рака и на левата нога
4. малтретирање на луѓе: прогонство

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top