Мерка притвор му е изречена на 55-годишниот Зоран Верушевски ,екс директорот на Агенцијата за безбедност и контраразузнавање. Верушевски е осомничен за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали казниво и прикажување порнографски материјал на дете.
Како што соопшти МВР, при претресот во неговиот дом биле најдени два пиштола (Бровинг-Херстол калибар 9мм и Црвена застава М 70, калибар 7,65 мм), за кои во моментот на претресот и одземањето на оружјето не била најдена дозвола за легално поседување. Покрај претресот, постапено е и по наредба за одземање компјутерски систем и нивна анализа.
– При првичните дигитално-форензички испитувања, утврдени се обележја за сторено кривично дело – прикажување порнографски материјал на дете, за што веднеш писмено е известен и надлежниот Јавен обвинител. Дигатално форензичката анализа на одземените материјали ќе продолжи во текот на наредните денови, информира МВР.
Полициски службеници од СВР Охрид вчера, исто така, постапувајќи по судска наредба извршиле претрес и во домот на неговиот син во Струга. 27-годишниот Александар Верушевски е познат сторител на кривични дела од областа на насилниот криминал: убиство во обид, предизвикување општа опасност, насилство, изнуди и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали.
При претресот биле одземени лаптоп и мобилни телефони. Тие исто така треба да бидат дигитално-форензички анализирани со цел, како што соопшти МВР, да се утврди постоење на обележја за сторени други кривични дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



