| четврток, 6 декември 2018 |

Израелска компанија инвестира во кол-центар

Invest in macedonia-
Израелска компанија инвестира во кол-центар во Македонија, а планира и нови инвестиции во други сфери.

Премиерот Никола Груевски во емисијата „Јади бурек“ откри дека преговорите за инвестирање со компаниите знаат да траат и долго време, но случајот со една израелска компанија не бил таков.

-Претставници на една израелска компанија, дојдоа кај мене на состанок во петок попладне. Имавме дискусија заедно со ресорните министри. Тие во Македонија дошле приватно и побараа контакт со нас. Рекоа дека имаат 50 милиони евра слободни. Веќе во понеделникот имаа одлука за отворање на кол-центар. Во вторник регистрираа фирма. Планираат отворање на спа центри во Нагоричане и Дојран и други бизниси, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top