| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен Зоран Верушевски

veruseseseУапсен екс директорот на Агенцијата за безбедност и контраразузнавање Зоран Верушевски. Според Алфа, Верушевски се сомничи за серија тешки кривични дела меѓу кои нелегално поседување оружје и детска порнографија. Неофицијално во моментов се вршат претреси на повеќе локации, но во интерес на истрагата нашиот извор не сака да ни даде повеќе детали.

Дознаваме дека Верушевски веќе е изведен пред Судија на претходна постапка.

Од полицијата засега само неофицијална потврдат. Повеќе детали се најавуваат за утре.

Зоран Верушевски важеше за кадар на кадар на СДСМ а со тогашната ДБК раководеше токму во времето на оваа партија. Го следеа серија афери, а во центарот на вниманието беше и неговиот син Александар кој во повеќе наврати имаше проблеми со законот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top