Безживотни тела во униформа на НАТО и големо количество оружје од американско производство е најдено под урнатините на аеродромот во Донецк на истокот на Украина, потврди Едуард Басурин, портпаролот на Министерството за одбрана на самопрогласената Донецка народна република, јави руската новинска агенција ТАСС.
– Најдовме безживотни тела во униформа на НАТО под урнатините на новиот терминал. Личните работи укажуваат дека луѓето се странски државјани со договори со приватни воени компании, кои оперираат под маска на украинските субверзивни групи – рекол Басурин.
Басурин додава дека за време на прегледот на зградата на аеродромот во Донецк се најдени големи количини американско огнено оружје, пушки, рачни минофрлачи, опрема и комуникациски уреди.
– Исто така, најдовме публикации на европски јазици, вклучувајќи и верски прашања – наведува Басурин информирајќи ги новинарите. Според неговите зборови, најмалку 597 украински војници се убиени во судирите со донецката милиција на аеродромот.
– Зборувам само за тие, чиишто тела беа преземени во близина на аеродромот – вели Басурин и додава дека 44 лица биле затвореници. Во истата операција се уништени 49 тенкови на украинската војска и 47 борбени возила и оклопни возила на пешадијата, додека повеќе од 1.500 украински војници се ранети и се превезени во мобилна болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа