Со измените на Законот за јавни претпријатија рудниците и флотациите „Трепча“ ќе се издвојат во јавно претпријатие, а останатите делови од комбинатот да се приватизираат, пишува косовскиот „Коха диторе“. Во текстот „Владата на Косово ќе ги задржи рудниците и флотациите Трепча“ се наведува дека со нацрт-законот, што го усвои косовската Влада, ќе продолжи статус кво сосотјбата на рударскиот комплекс. Во предлогот се наведува дека „рудниците и флотациите се издвојуваат од општественото претпријатие „Трепча“ во јавно претпријатие во сопственост на Косово“.
Анонимен извор за весникот изјави дека Владата ги сака во своја сопственост рудниците и флотациите во Стари Трг, рудниците и флотациите во Кишница и Ново Брдо, рудниците и флотациите на Копаоник и во Лепосавиќ, Металургијата за олово во Звечани и Металургијата за цинк во Митровица, додека останатите 14 единици на комбинатот Владата сака да ги приватизира.
Друг анонимен извор за весникот истакнал дека иако косовската Влада сака овие рудници да бидат во нејзина сопственост и тоа врз основа на нацрт-законот, кој го испрати во Собранието на усвојување, тоа нема да може да го постигне без согласност на Србите, кои се мнозинство во општините во северно Косово, каде што се наоѓаат тие рудници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации