Македонската претставничка на „Евровизија“, Есма Реџепова, за весникот „Нова Македонија“ изјавила дека е разочарана од целата ситуација со изборот за песна за „Евровизија“ и дека повеќе ѝ се допаѓала песната што беше повлечена.
– Малку сум разочарана од сето тоа што се случува со нашето евровизиско претставување. Досега во мојата 55-годишна кариера не сум доживеала некој да ми ја врати песнaта, како што беше случај со „Империја“, која, рака на срце, мене повеќе ми се допаѓаше, но ете за сѐ има првпат. Сепак, и со интерпретацијата на „Пред да се раздени“ ќе можам на целата европска јавност да ѝ покажам дел од моите вокални квалитети. Се надевам на голема поддршка од моите многубројни обожаватели и почитувачи во цела Европа – изјавила Есма.
Новата песна со која Македонија ќе биде претставена на „Евровизија“ во Малме е насловена „Пред да се раздени“, а премиерно беше пуштена пред претставниците од медиумите вчеравечер во Студиото 1 за време на снимањето на шоуто „Танц со ѕвездите“ кое ќе се емитува на првата програма на МТВ вечерва, со почеток од 20.45 часот.
Текстот го напиша Магдалена Цветковска-Ена, а музиката е на Лазар Цветковски и на Дарко Димитров. Автор на делот што ќе го пее Есма е нејзиниот син Симеон Атанасов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




