Компанијата „Визер“ и „ТАВ Македонија“ денес ги најавија новите шест дестинации од Македонија до градови во Европа.
Тоа го направија на еден специјален начин, поканувајќи ги децата од Домот за деца без родители „11 Октомври“ да летаат со нив до Охрид.
Компанијата ќе почне пет нови летови од метрополата до познати европски градови по многу ниски цени.
Летот до Осло – Торп, кој сообраќа во понеделник и петок е по цена од 1.799 денари. Исто толку ќе чини и летот до Барселона, секој вторник и сабота. По 1.999 денари ќе чинат летовите до Нирнберг и Фридрихшафен. Најевтин од новите летови е летот до Хамбург, кој ќе чини 1.499 денари секоја среда и недела.
Од охридскиот аеродром воведена е нова маршрута до Базел-Милхаус, која ќе чини 1.199 денари.
Овие цени важат за билет во еден правец, што вклучува аеродромски такси и една мала торба за кабински багаж.
Истовремено, освен новите летови, се зголемува и фрекфентноста на постојните маршрути.
До Малме досега се патуваше пет дена неделно, а отсега седум. До Келн, Франкфурт, Милано и Париз досега имаше два лета во неделата, а сега ќе има три. Од три на четири пати неделно се зголемува бројот на летови до Гетеборг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.